Киднапирање било пријавено во македонската полиција. Синоќа во 23 часот и 40 минути во полицијата во Гостивар, 28-годишниот гостиварчанец Б.Р. пријавил дека истиот ден на улицата „Ж.Брајкоски“ С.Д. од Тетово ја грабнал 23-годишната А.А.
Според податоците од полицијата, С.Д заедно со друго лице кое управувало возило, под закана дека наводно има пиштол ја извлекол А.А од „Опел Астра“. Б.Р се исплаши и побегнал, а насилникот влегол во возилото ја удрил девојката два пати со раката во пределот на лицето заканувајќи и се дека ќе ја однесе во шумата.
Во 23 часот и 50 минути, во селото Чајле, од страна на патрола од полициски службеници пронајдени се С.Д. и А.А. по што насилникот е приведен и задржан во полициска станица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Киднапирање во село Љубош: Со вреќа на главата го фрлиле во комбе, па се разбудил во Батинци