Наскоро се очекува отворање на уште една детска градинка во општина Аеродром, во рамки на клонот „Чекорче” со капацитет за згрижување на повеќе од 200 дечиња.Објектот, велат од општина Аеродром, ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип институции и овозможува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст.
„Градинката содржи 6 големи занимални на приземје и три на катот што значи вкупно 9 занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории и сето тоа на површина од 1.700 квадратни метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.