
Екипата на Челси го искористи киксот на Мачнестер Сити кој ремизираше на домашен терен со Мидолсборо (1-1) и со убедлива победа над Евертон од 5-0 се искачи на врвот на табелата во Премиер лигата со бод повеќе од „граѓаните“ и два од Арсенал и Ливерупул кои имаат натпревар помалку.
Еден Азар во 19.минута го постигна водечкиот гол, а само една минута подоцна Маркос Алонсо зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел, Диего Коста постигна и трет гол во мрежата на Евертон.
Во вториот дел, Еден Азар постигна уште еден погодок, а серијата голови ја затвори Педро.
Откако ја смени формацијата италијанскиот стратег на клупата на Челси, Антонио Конте, поранешниот англиски и европски шампион не знае за пораз, и што е уште поважно на пет меча по ред нема примено гол и има забележано истотолку победи.
Премиер лига резултати:
Челси – Евертон 5-0, Манчестер Сити – Мидлсборо 1-1, Вест Хем – Стоук 1-1, Барнли – Кристал Палас 3-2, Бурнемаут – Сандерленд 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


