| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК пресече: „Фантоми“ нема, списокот поголем за 3.000 гласачи

Ќе има ли маж или же­на од СДСМ што ќе приз­нае де­ка се­та бла­ма­жа со Из­би­рач­ки­от спи­сок бе­ше смис­ле­на за да се за­се­ни по­ра­зот од 200.000 гла­са, а по­тоа и за да пос­лу­жи два­па­ти да се из­бе­га од из­бо­ри и да се одол­жи кри­за­та? Ќе се из­ви­ни ли Спа­сов­ски за мол­ба­та до ДИК да се из­бри­шат 138.000 гла­са­чи? Ќе има ли доб­лест пре­тсе­да­те­лот на ДИК, Але­ксан­дар Чи­ча­ков­ски, јав­но да ка­же чие мас­ло бе­ше ма­ни­пу­ли­ра­ње­то со об­ја­ву­ва­ње­то на не­це­лос­ни­от спи­сок во март? Ед­но, се­пак, е си­гур­но, „фан­том­ско­то“ пог­лав­је од уни­шту­ва­ње­то на др­жа­ва­та се за­тво­ри со Из­би­рач­ки спи­сок по­го­лем од ос­по­ру­ва­ни­от

Из­би­рач­ки­от спи­сок во Ма­ке­до­ни­ја брои 1.783.715 гла­са­чи. Оваа офи­ци­јал­на број­ка на гла­са­чи од Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја ги за­ко­па си­те твр­де­ња на СДСМ и на неј­зи­ни­от ли­дер Зо­ран За­ев из­не­се­ни вед­наш по из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на, твр­де­ња со кои ја за­поч­наа нај­дол­га­та по­ли­тич­ка кри­за во др­жа­ва­та. По­ли­тич­ка­та кри­за сѐ уште ја тре­се др­жа­ва­та и, се­ка­ко, не се за­др­жа са­мо на ос­по­ру­ва­ње­то на из­бо­ри­те по­ра­ди „фан­том­ски гла­са­чи“, но тоа не­ги­ра­ње оди­гра огром­на уло­га во кре­и­ра­ње­то сли­ка и не­до­вер­ба во на­во­ден не­де­мо­крат­ски си­стем на вла­де­е­ње на ВМРО-ДПМНЕ. За­тоа оваа број­ка на гла­са­чи, ко­ја по си­те про­чи­сту­ва­ња со ме­то­до­ло­ги­ја при­фа­те­на и од СДСМ, а ко­ја е за 3.000 гла­са­чи по­го­ле­ма од ос­по­ру­ва­ни­от спи­сок со на­вод­ни по­ло­ви­на ми­ли­он „фан­то­ми“, фр­ла но­во свет­ло кон ви­сти­на­та за бор­ба­та за „сло­бо­да и за де­мо­кра­ти­ја“ на За­ев.

За по­тсе­ту­ва­ње, За­ев не до­че­ка ни­ту да поч­не пре­бро­ју­ва­ње­то на гла­сач­ки­те лив­чи­ња, а об­ви­ни за из­бо­рен гра­беж, за не­де­мо­крат­ски из­бо­ри, за фал­си­фи­кат на из­бо­ри­те и за по­сто­е­ње „фан­том­ски гла­са­чи“. ДИК, се­пак, прес­ме­та де­ка раз­ли­ка­та ме­ѓу гла­со­ви­те за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ со ко­а­ли­ци­и­те би­ла 200.000 гла­са. Тоа беа и 200.000 при­чи­ни За­ев две го­ди­ни да ма­ни­пу­ли­ра со број­ка­та на „фан­то­ми“. И не са­мо за по­ра­зот во 2014 го­ди­на, СДСМ по­тоа вле­зе во не­ги­ра­ње на си­те из­бор­ни по­ра­зи во де­се­ти­на­та со­о­чу­ва­ња со на­ро­дот и со ВМРО-ДПМНЕ. Из­би­рач­ки­от спи­сок се­га ми­на низ си­те фил­три на про­чи­сту­ва­ње, а тоа не мо­жат да го не­ги­ра­ат ни­ту од СДСМ. Се­пак, спи­со­кот два­па­ти бе­ше глав­на при­чи­на за од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те, а со тоа и до­пол­ни­тел­но про­дол­жу­ва­ње на кри­за­та.

Не мо­же­ме да не се на­вра­ти­ме на си­те пре­бро­ју­ва­ња на „фан­то­ми­те“ из­не­се­ни од СДСМ. На по­че­то­кот на кри­за­та доз­нав­ме де­ка За­ев, кој во кам­па­ња­та во 2014 го­ди­на се прог­ла­су­ва­ше за иден пре­ми­ер, бил све­сен де­ка СДСМ ќе ги за­гу­би из­бо­ри­те. Јав­но­ста пр­во го ви­де раз­го­во­рот со ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, во кој приз­на­ва де­ка и ан­ке­ти­те што ги спро­ве­ду­вал СДСМ по­ка­жу­ва­ле де­ка ќе за­гу­би со „7-8 про­цен­ти“, што ста­ти­стич­ки на те­рен зна­чи раз­ли­ка од око­лу 150.000 гла­са. За­ев по­тоа во ин­терв­ју приз­на­ва де­ка бил све­сен де­ка го че­ка по­раз, па поч­наа ма­ни­пу­ла­ци­и­те со евен­ту­ал­на раз­ли­ка од 20 до 30 ил­ја­ди гла­са.

И трг­на во­зот со ли­ци­ти­ра­ње со „фан­то­ми“. Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска, дес­на­та ра­ка на За­ев, јав­но по­со­чи на 330.000 „сом­ни­тел­ни гла­са­чи“, по­тоа зго­ле­ми на 500.000 ими­ња од спи­со­кот. За­ев, пак, на­ста­пу­ва­ше со број­ка 200-300.000 гла­со­ви кои се вмет­ну­ва­ле во ку­ти­и­те, па се на­вра­ќа­ше на по­ло­ви­на ми­ли­он, за по не­кол­ку бр­зи ма­те­ма­тич­ки опе­ра­ции да прес­ме­та де­ка „372.000 оста­ну­ва­ат спор­ни и сом­ни­тел­ни“. И пар­ти­ски­от ге­не­ра­лен се­кре­тар, акту­е­лен тех­нич­ки ми­ни­стер во МВР, Оли­вер Спа­сов­ски, кал­ку­ли­ра­ше со „фан­то­ми“ и број­ка­та на „ре­ал­ни“ гла­са­чи, ко­ја ја за­о­кру­жу­ва­ше на 1.500.000. Се­пак, тој оди­гра не­кол­ку се­ри­оз­ни уло­ги во „фан­то­ми­зи­ра­ње­то“. Пр­во, за­ед­но со прв чо­век на ДИК, Але­ксан­дар Чи­ча­ков­ски од СДСМ, кре­и­раа ат­мо­сфе­ра за „лов на ве­штер­ки“ об­ја­ву­вај­ќи спи­сок во „су­ро­ва фор­ма“ од МВР, на ја­вен увид на веб-стра­ни­ца­та на ДИК, што ду­ри и прет­ход­ни­ци­те на Чи­ча­ков­ски го оце­ни­ја ка­ко на­мер­но кре­и­ра­ње ха­ос во пре­диз­бо­ри­е­то за за­ка­жа­ни­те, па од­ло­же­ни из­бо­ри на 24 април.

– Оваа ап­ли­ка­ци­ја, ако ве­ќе ја об­ја­ву­ва, тре­ба­ше да ја об­ја­ви вед­наш ко­га ги до­би­ле по­да­то­ци­те – а тоа е 1.12.2015 го­ди­на. Би­деј­ќи не стои зад по­да­то­ци­те во оваа ап­ли­ка­ци­ја, освен тоа што ка­жу­ва де­ка тоа се по­да­то­ци ажу­ри­ра­ни од За­во­дот за ста­ти­сти­ка, не ка­жу­ва де­ка се неј­зи­ни. Зна­чи, ДИК се вклу­чу­ва ди­рект­но во ха­о­сот – оце­ни во март Але­ксан­дар Но­ва­ков­ски, до­де­ка Ни­ко­ла Рил­ков­ски иско­мен­ти­ра де­ка се кре­и­ра не­до­вер­ба во Из­би­рач­ки­от спи­сок:

– На­пра­ви кон­фу­зи­ја, еви­дент­но е де­ка на­пра­ви за­тоа што мно­гу­ми­на се за­ин­три­ги­раа… Со ва­ква­та си­ту­а­ци­ја не­до­вер­ба­та е по­рас­на­та – до­да­де Рил­ков­ски.

Спа­сов­ски во мај го­ди­на­ва со по­е­ди­неч­ни пис­ма од чле­но­ви­те на ДИК по­ба­ра да би­дат из­бри­ша­ни по­ве­ќе од 138.000 гла­са­чи – пол­но­лет­ни гра­ѓа­ни, би­деј­ќи има­ле ва­лид­ни пат­ни ис­пра­ви, но не­ма­ле ва­жеч­ка лич­на кар­та. Ко­ми­си­ја­та го од­би и во ко­ле­ктив­но пис­мо му го об­јас­ни Из­бор­ни­от за­ко­ник, во кој пи­шу­ва де­ка „во Из­би­рач­ки­от спи­сок се за­пи­шу­ва­ат си­те гра­ѓа­ни со на­пол­не­ти 18 го­ди­ни жи­вот кои има­ат жи­ве­а­ли­ште на те­ри­то­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а кои има­ат ва­жеч­ка лич­на кар­та или пат­на ис­пра­ва“.

Лич­ни кар­ти, ка­ко до­ку­мент, во оваа кри­за не­кол­ку па­ти беа во игра. Не смее да се за­бо­ра­ви де­ка око­лу 10.000 гра­ѓа­ни не мо­же­ле да си ги по­диг­нат изра­бо­те­ни­те до­ку­мен­ти од МВР за­тоа што би­ле од­зе­ме­ни од СЈО, по на­во­ди од СДСМ за на­вод­на зло­у­по­тре­ба во из­бор­ни це­ли. Но, опре­ма за про­из­водс­тво фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти за­ед­но со Из­би­рач­ки­от спи­сок на Оп­шти­на Цен­тар и 120 ил­ја­ди лич­ни по­да­то­ци на гра­ѓа­ни, беа нај­де­ни и во им­про­ви­зи­ра­на­та фа­бри­ка на со­пар­ти­е­цот на За­ев и Спа­сов­ски, За­хир Бе­ки­ри – Ча­уш. От­то­гаш, се чи­ни, „фал­си­фи­ку­ва­ни до­ку­мен­ти зло­у­по­тре­бе­ни во из­бор­ни це­ли“ ис­чез­на од реч­ни­кот на СДСМ.

Во це­ло­то про­чи­сту­ва­ње на спи­со­кот по мер­ка на СДСМ, мо­ра да се наг­ла­си и цир­ку­сот што го пре­диз­ви­ка јав­ни­от увид на не­кон­зи­стент­ни за­пи­си во Из­би­рач­ки­от спи­сок, од­нос­но оние кои по ме­то­до­ло­ги­ја­та на чи­сте­ње од „фан­то­ми­те“ тре­баа(т) да спро­ве­дат фор­ма на актив­на ре­ги­стра­ци­ја. По­го­де­ни од тоа што се по­со­че­ни ка­ко „фан­то­ми“, го­лем број чле­но­ви, акти­ви­сти, јав­ни под­др­жу­ва­чи и чле­но­ви на нив­ни­те по­ши­ро­ки се­мејс­тва бли­ски до СДСМ, ду­ри и од­би­ваа(т) да се при­ја­ват во спи­со­кот и да ја ис­пра­ват „исто­ри­ска­та гре­шка“. Ту­ка по­тсе­ту­ва­ме на „фан­том­ска­та“ се­стра на Ше­ке­рин­ска, на Мир­ја­на Нај­чев­ска, на Гор­дан Ге­ор­ги­ев, Ја­ни Ма­кра­ду­ли, Бла­гој Хан­џи­ски, се­мејс­тво­то Ца­нов­ски, Ерол Ри­за­ов, Ида Про­ту­ѓер… Но, се­то тоа про­из­ле­зе од ме­то­до­ло­ги­ја­та при­фа­те­на со на­ме­ра да се по­ка­же де­ка не­ма „фан­то­ми“.

– ДИК со ме­ѓу­на­род­ни­те екс­пер­ти од ИФЕС соз­да­де и усвои 32 пра­ша­ња ка­ко да се про­ве­рат гра­ѓа­ни­те. Не­кои од пра­ша­ња­та мо­же­би беа не­ло­гич­ни, но ги при­фа­тив­ме за да мо­же да го ис­цр­пи­ме пра­ша­ње­то де­ка во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат фан­том­ски гла­са­чи – по­со­чу­ва Суб­хи Ја­ку­пи, член на ДИК.

Ма­ке­до­ни­ја со ос­по­ру­ва­ње­то на Из­би­рач­ки­от спи­сок ми­на мно­гу тур­бу­лен­тен пер­и­од. И про­чи­сту­ва­ње­то, но и до­ка­жу­ва­ње­то де­ка „фан­то­ми­те“ беа са­мо уште ед­на из­мис­ли­ца на СДСМ, се­га се са­мо дел од ре­ше­ни­е­то за из­лез од кри­за­та, а тоа се кре­ди­бил­ни из­бо­ри со про­чи­стен Из­би­рач­ки спи­сок. Се­га на СДСМ оста­ну­ва пред из­бо­ри­те јав­но да за­ста­не и да ја вра­ќа до­вер­ба­та на јав­но­ста во Из­би­рач­ки­от спи­сок по две го­ди­ни не­го­во ос­по­ру­ва­ње. Но, и да об­јас­нат при­тоа за ос­по­ру­ва­ње­то на 200.000 гла­са раз­ли­ка од 2014 го­ди­на, за „фан­то­ми­те“, на­пу­шта­ње­то на пар­ла­мен­тот, оста­вки­те, иде­ја­та за бри­ше­ње­то на 138.000 из­би­ра­чи, па и што ба­ра­ле Из­би­рач­ки­от спи­сок и лич­ни­те по­да­то­ци на цен­тар­ци кај Ча­у­шот…

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 218. број на неделникот „Република“, 4.11.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top