| четврток, 6 декември 2018 |

Сериозни обвинувања: На Карлеуша и местат вмешаност во убиство!

Драган Карлеуша, екс-заменик началник на Управата за криминалистичка полиција, за српскиот весник Ало изјави дека на неговата ќерка, Јелена Карлеуша, и местат замешаност и убиство на новинарот Славко Чурувија.

– Тоа се болни умови, ќерка ми беше во врска со Зоран Давидовиќ Чанда, но тој немаше ниедно кривично дело. Тоа што ќерка ми и Давидовиќ ги вплеткуваат во овој случај е чиста местенка- вели Карлеуша пред почетокот на судењето за убиството на новинарот Чурувија.

27_1000x0Поранешниот шеф на полициската група која го истражуваше убиството, на сведочењето на 28 октомври рече дека според оперативни сознанија до кои дошол во убиството е вмешана Службата за државна безбедност, но тоа не можеле да го докажат.

Адвокатката инсистирала Карлеуша да објасни дали биле споменувани и други имиња освен на обвинетите, вклучително и на Зоран Давидовиќ Чанда.

-Чанда беше ситен криминалец , кој за жал имаше врска со мојата ќерка Јелена. Неколку пати сум го видел и пред овој случај- посочи Карлеуша- таткото.

28_1000x0Тој потоа за весникот рекол дека не е точно дека Јелена била со Чанда во автомобилот кој го следел новинарот пред убиството, онака како што тоа го сведочел сведокот на обвинителството Милован Бркиќ. Дури додал и дека на судењето му се „испуштила“ реченицата дека давидовиќ бил ситен криминалец, додавајќи дека не сака да избнесува свое мислење за младите со кои неговата ќерка се забавувала.

Чурувија е убиен на велигден на 11 април 1999 година во Белград, а за убиството Обвинителството за организиран криминал ги терети тогашниот началник на Државната безбедност, началникот на белградскиот центар на државната безбедност и поранешниот главен инспектор на втората управа на државната безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top