| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров влегува во историјата, му недостигаат уште 11 гола за да ја комплетира „илјадарката“ (видео)

kire-lazarov-nova-640x433

Македонија го има еден од најголемите ракометари во историјата на овој спорт. Кире Лазаров речиси две децении жари и пали на терените ширум Европа, носејќи ја и Македонија кон нови успеси на репрезентативен план. Денеска Кире и другарите имаат чешки предизвик во Плзен, а тој ќе се обиде да стигне до „илјадарка“ во националниот тим. Досега Кире Лазаров, според ЕХФ, има постигнато 989 голови во дресот на македонската ракометна репрезентација.

Може ли денеска во Плзен уште еднаш да распали и против Чешка и да стигне до илјадарката?! Сите ние тоа го посакуваме и ќе држиме среќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top