| четврток, 6 декември 2018 |

Газдата му се пуштал на девојката на рецепционерот, тој крваво му пресудил

Во крвавото пукање кое се одигра утрово околу 08:30 часот во вилата ДНД во Нишка Бања, загина сопственикот на вилата, а на лице место настрадал откако во него пукал вработениот работник на рецепција.

Како што српски Телеграф неофицијално дознава, од лице место, на убиството му претходела кавга околу девојката на рецепционерот, за која бил заинтересиран и сопственикот на вилата.

Бесниот рецепционер распалил неколку куршуми во газдата, кој паднал мртов на лице место, а девојката веднаш побегнала од местото на настанот.

Екипи на полицијата од утрово преговараа со убиецот за негово предавање. Според најновите информации, специјална екипа влегла во вилата.

Одекнале две шок бомби, по што напаѓачот на носилки е извлечен од внатре.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top