| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Спасовски ја напушти СДСМ, најави апсење на Заев

Оливер Спасовски, кој до неодамна служеше како генерален секретар на СДСМ ја напушти партијата за да може да се посвети на новата функција на која ќе стапи сила во понеделник – Министер за внатрешни работи.

Кумановецот Спасовски важеше за близок соработник на Зоран Заев поради што и му беше доверена одговорната функција на генерален секретар, меѓутоа тој се одлучи да ја напушти партијата и функцијата поради, како што вели, релаксираната иднина на Македонија.

За мене беше вистинска чест што бев дел од СДСМ и горд сум на се што сработивме и на сите победи кои ги извојувавме заедно со другарите од партијата, меѓутоа бидејќи бев избран за министер за внатрешни работи, а сите знаеме дека на таа позиција треба да дојде независен експерт од струката, се одлучив да ја вратам партиската книшка и да се посветам на работата како министер, вели Спасовски.Тој своите ставови за тоа како треба да изгледа новиот министер за внатрешни работи ги кажа три дена пред да биде избран во интервју за локалната кумановска телевизија ТВ Плус.

Таму Спасовски потврди дека новиот Министер за внатрешни работи треба да биде независен експерт од полициската фела.

Со напуштањето на позицијата генерален секретар на СДСМ и враќањето на членската книшка, Спасовски моментално станува независен експерт од граѓанскиот сектор. Меѓутоа за да може да одговара и на третиот предуслов кој го постави самиот – човек од струката, дознаваме дека викендов се пријавил да волонтира како сообраќаец во Куманово, со цел да се стекне со потребното искуство за да биде Министер за внатрешни работи.– Сега откако веќе не сум член на СДСМ и сум независен експерт, една од првите задачи ќе ми биде да го уапсам Зоран Заев за да го испрашаме по џандарски, како што знаеме, за обвиненијата за случајот ПУЧ, изјавил Спасовски на негов близок пријател кој за да не биде уапсен побара да остане анонимен.

Кромиди Запад

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top