Во синџири, но со насмевка на лицето 72 годишниот доктор Кермит Госнел го напуштил судот откако бил прогласен за виновен за убиството на три бебиња на кои им ги кршел рбетите веднаш после породувањето.
Судењето траело 10 дена а само неколку сати биле потребни поротата да донесе пресуда и да го прогласи докторот за виновен за гнасните убиства.
Докторот Госнел кој ја водел сега затворената Женска медицинска клиника во Филаделфија е прогласен за виновен за убиство од немарност и во случајот каде што починала Карнамаја Монгар, која починала од предозирање од лекови за време на абортусот во 2010 година.
Госнел е обвинет и за повеќе од 200 обвиненија за кршење на законот за абортуси.
Сведоците кои биле вработени во клиниката велат дека сите бебиња кои биле родени а на кои Госнел им ги кршел рбетите биле живи, се движеле и плачеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


