| четврток, 6 декември 2018 |

На Италија ѝ нема спас: По земјотресите ја погоди торнадо (ВИДЕО)

Засега нема информации дека има штета и повредени.

Голем воден млаз (торнадо на отворено море) го погоди градот Поситано, кој се наоѓа на италијанскиот брег Амалфи. Засега медиумите во Италија не соопштуваат дека има птети и повредени.

Земјотресот со магнитуда од 6,5 степени, кој во неделата ја погоди Италија, го помести тлото во некои подрачја до 70 сантиметри. Сателитските снимки покажуваат дека потресот го изменил релјефот на површина од 130 квадратни километри.

Земјотресите кои ја погодија централна Италија во последните два месеци би можело да продолжат како домино ефект, така што покрај по должината на системот на раседот во централните Апенини еден голем потресо води кон друг, предупреди италијански сеизмолог.

Земјотресот во неделата е најсилен кој ја погодил Италија од 1980 година , една од сеизмолошки најактивните земји во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top