| четврток, 6 декември 2018 |

Хајка врз кучињата од населбата Радишани

Огромен број претставки пристигнаа до Здружението „Анима Мунди“ откако вчеравечер од населбата Радишани, шинтерските служби на Вардариште ги ловеа сите кучиња од населбата, вклучително и оние кои се веќе обележани со маркица, стерилизирани и вакцинирани – пишува на официјалната фан страница на Здружението на Фејсбук.

Од Анима Мунди известуваат дека жителите на Радишани биле запрепастени од глетката како кучињата кои повеќе од 10 години се дел од таа територија, беа ловени и ставани во комбиња, без никакво прецизно образложение зошто се ловат. Дел од овие кучиња се стари и по 15 години, а според Здружението фрапира и податокот што, без никакво образложение, шинтерите во три смени доаѓаат, ловат и се закануваат дека ниту едно куче нема да биде вратено.

Од она што досега ги информирале жителите од Радишани, вработените во стационарот одбиваат да ги вратат маалските миленици на местото каде што живееле повеќе од една деценија, а ветеринарните инспектори (на кои граѓаните им се јавиле и пријавиле неконтролирана хајка на сите малски миленици) само молчат, или се недостапни на телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top