Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес оствари средба со европратеникот Кнут Фленкенштајн.
На средбата соговорниците разговараа за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите како и европските перспективи на Република Македонија, информираат од партијата.
Груевски истакна дека единствен начин за излез од политичката криза е одржување на престојните избори на кој граѓаните ќе може да одлучат за сопствената иднина, базирано врз конкретна програма и проекти коишто ќе бидат понудени и се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. Тој исто така посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена кон понуда на проекти кои ќе гарантираат напредок и продолжување на борбата за подобар стандард за граѓаните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е потребна посветеност и одговорно однесување на сите субекти во градењето на атмосфера за кредибилни и демократски избори.
Во однос на европските перспективи Груевски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ членството во Европската Унија е стратешки интерес и дека ќе се продолжи со напроите за придвижување на сстојбите на тој план преку активна реализација на мерките и чекорите предвидени со акцискиот план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)