Еднорак 84-годишен пензионер ги собра симпатиите од корисниците на социјалните мрежи, откако во еден шопинг центар во Чиле му се спротивстави на крадец кој се обидел да украде накит.
Раул Муњоз и неговата сопруга случајно се нашле во шопинг центарот во Сантијаго, кога виделе дрзок тинејџер кој бега кон нив, а начинот на кој 84-годишниот дедо го запрел воодушеви многумина.
Раул, пензионер кој едната рака ја загубил на 20 години, со неговиот „карате потег“ го легнал крадецот на под.
Тој изјави дека неговата реакција била инстинктивна.
На местото на инцидентот набрзо пристигнала полицајци, кои го уапсиле крадецот.
Од ударот на тинејџерот се здобил со повреди, поради што бил пренесен во болница, каде му е укажана помош, пишува британски „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)