Манчестер Јунајтед доживеа уште еден пораз, овојпат во Истанбул, а Златан Ибрахимовиќ во една акција на синоќешниот натправар со Фенербахче сосема ги изгуби нервите.
Манчестер Јунајтед има порази во последните шест гостувања во Европа, а дополнителна фрустрација беше и повредата на Паул Погба што веројатно влијае и на Ибрахимовиќ.
Тој во една од синоќешните акции на натправарот го фати за врат фудбалерот на Фенербахче Симон Кјаер, а подоцна за инцидентот кажа дека не е “ништо посебно“.
Судијата Милорад Мажиќ тргна да ги раздвои, а Ибрахимовиќ енергично му ја турна раката. Српскиот судија на Ибрахимовиќ за овој инцидент не му покажа жолт картон, но со оглед дека на снимката јасно се гледа што се случи, УЕФА може дополнително да го казни фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)