Руски воен хеликоптер вчера се нашол под оган од страна на милитанти во Сирија, по што бил приморан да слета во близина на Палмира.
Притоа немало повредени, но леталото било поприлично оштетено.
Друг руски хеликоптер набрзо пристигнал на лице место за да го евакуира екипажот на погоденото летало. Хеликоптерот кој бил приморан да слета пренесувал хуманитарна помош, додека вториот руски борбен хеликоптер пристигнал од базата во Латакија.
На снимката се гледа како едниот хеликоптер полетува токму во моментот кога другото летало експлодира.
Новинската агенција Амак, која е поврзана со џихадистите на Исламска држава, тврди дека рускиот воен хеликоптер бил уништен со ракета во руралната област на местото Хувајсис, и дека имало загинати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)