Националната арена „Филип Втори“ од денес и официјално се ребрендирше и го доби името „Телеком Арена“. Договорот за соработка денеска го потпишаа „Македонски Телеком“ и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
– Нашата поддршка ќе обезбеди промоција на Телеком Арената во пошироки рамки по примерот на светски познатите стадиони, но и дополнително ќе го поттикнеме здравиот начин на живот и развојот на спортски дух кај граѓаните во државата – изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Маиерхофер.
Според генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, со брендирањето на Националната Арена во „Телеком Арена“, Република Македонија се приближува чекор напред кон светски прифатените трендови во спортската индустрија. Како што е од претходно познато, „Телеком Арена“ ќе биде домаќин на Супер Купот на УЕФА во 2017 година на кој ќе учествуваат победниците на Лигата на шампионите на УЕФА и Лигата на Европа на УЕФА за 2016-17 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комитите ќе ја платат најголемата цена: Натпревар на „Филип Втори“ ќе го чини Вардар до 40 000 евра, ќе се покачат цените на влезниците?
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?
-
Вардар ги пушта во продажба билетите за мечот со Фенербахче
-
Вардар – Копенхаген е меч од висок ризик