| четврток, 6 декември 2018 |

За него пишуваат сите – момче од Македонија заработува 5.000 долари на Трамп и Хилари

pari
Како гром од ведро небо одекна веста дека група тинејџери од Велес заработуваат прилично големи суми на пари од лажни и сензационалистички вести за Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

-Ова е веста на милениумот – пишува во веста на веб страната „ВордлПолитикс“. Цитираат неименуван извор од ФБИ, кој тврди дека Хилари Клинтон ќе биде обвинета во 2017. година за нејзините злосторства во врска со скандалот со мејловите.
-Вашите молитви се слушнати – стои во насловот.
За оние кои го поддржуваат Трамп можеби е така. Тие помогнале оваа тотално неточна приказна да добие повеќе од 140.000 споделувања и голем број на коментари на Фејсбук.
Во исто време, на 7.000 километри од САД, во еден наш град, едно момче гледа како парите растат на неговата сметка од огласите на „Гугл“.
Во последната година, македонскиот град Велес го зафати „златна грозница“, бидејќи локалците пуштиле во работа најмалку 140 веб страни кои се занимаваат со темата за американските претседателски избори.
Овие веб страни имаат домени кои делуваат како навистина да се направени во САД – WorldPoliticus.com, TrupmVision365.com, USConservativeToday.com, DonaldTrumpNews.co, и “USADailyPolitics.com”…
pari2
Младите Велешани кои ги водат овие сајтови не се загрижени за Доналд Трамп, туку се водат од чисто економски интереси. Имено, корисник на Фејбук од САД „вреди“ четири пати повеќе од корисник надвор од Америка. Тие увиделе дека најбрз начин за генерирање на сообраќај е приказната да се споделува на Фејсбук, а најдобар начин за генерирање на споделувања на оваа социјална мрежа е да се објавуваат лажни и сензационалистички приказни кои ги интересираат поддржувачите на Трамп.
-Да, информациите на сајтовите се лоши, лажни и доведуваат до заблуда, но од друга страна – доколку ги наведуваат луѓето да кликнат и да се ангажираат – тогаш тоа треба да се искористи – рекол студентот од Велес кој води неколку такви сајтови, а кој барал да остане анонимен, пренесува БазФед.
БазФед открил уште повеќе од 100 сајтови кои се занимаваат со изборите во САД, а кои потекнуваат од Велес. Еден од тие сајтови има повеќе од половина милион фанови на Фејсбук.
Во превод, сè се сведува на пари, а не на поддршка на политичка идеологија.
-Го основав сајтот за лесно да дојдам до пари – рекол 17-годишниот Македонец кој со уште четири лица ја работи оваа работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top