| четврток, 6 декември 2018 |

„Ауди“ покоси пешак

Едно лице е тешко повредено откако ноќва во 00.05 часот на бул. „Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која автомобил „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б. А. (31) од Тетово, удрил во пешакот З.М. (52) од Тетово.

Пешакот бил пренесен во Медицински центар Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда и бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top