| четврток, 6 декември 2018 |

Банкрот за еден од најпознатите грчки фудбалски клубови

Челниците на атинскиот фудбалски клуб АЕК заради финансиски проблеми планираат да прогласат банкрот на клубот и побараат селење во Трета лига, пренесоа денеска грчките медиуми.

Атинскиот клуб погоден од долгови и од вкупната грчка финансиска криза оддржа итен состанок на акционерите и објави план дека по седницата на Бордот на директори на 7 јуни и формално ќе го почне процесот на ликвидација на клубот.

АЕК, еден од трите најпознати грчки клубови, кој оваа сезона испадна во Втората лига, соопшти дека не може да игра ниту во неа, бидејќи му треба време за финансика консолидација.

Грчките клубови се погодени од финансиската криза што ја зафати целата земја, со оглед на фактот дека луѓето заради намалената платежна способност не можат да ги следат натпреварите на стадионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top