| четврток, 6 декември 2018 |

Пресметано: Колку точно треба да пешачите за да ослабнете

Прошетката може да биде многу едноставен начин да загубите вишок килограми. Освен што се согоруваат дневни калории, со прошетка го намалувате и стресот. А помалку стрес значи и губење килограми.

Без разлика на тоа колку чекори дневно правите, зголемувањето на бројот на чекори од препорачаните 10 илјади на 15 илјади е многу лесно. Тоа нема да предизвика стрес на организмот.

Истражувањето покажало дека луѓе кои пешачат 15 минуто по секое јадење имаат подобра вредност на шеќерот. На тој начин се намалува желбата за храна која уште постои и по јадењето. Тоа е подобро отколку прошетка од 45 минути во кој било дел од денот.

Трипати неделно обидете се да шетате на угорница. Додека одите брзо, вклучете ги и рацете и тие да го пратат ритамот на чекорите. Дополнителните движења на рацете помагаат во согорување на калориите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top