Во денот кога е откриено оружјето во близина на семејната куќа на Вучиќ во Јајинци, регистрирано е движење на луѓе блиски на опасниот которски клан, пишуваат „Вечерњи новости“.
Меѓу 97 „безбедносно интересни“ лица, кои во денот кога е пронајдено оружјето се движеле во близина на семејната куќа на премиерот Александар Вучиќ се и луѓето блиски на Игор Дедовиќ(40), еден од водачите на „шкаљарскиот клан“ од Котор, за кој Црна гора има распишано потерница, дознава весникот.
Според изворите на весникот, нивното движење го регистрирале базните станици на мобилните телефони во близина на Јајинци и околината, а присуството на лица со таква репутација би можело да значи дека зољата, бомбите и муницијата не се случајно оставени на стотина метри од домот на Вучиќ.
Освен тоа украдениот автомобил рено меган, полн со оружје кој пред два дена е пронајден во гаража на Нов Белград, а во саботата попладне е виден во близина на семејната куќа на премиерот, имал црногорски таблички, кои подоцна се заменети со српски.
Ќе се истражува и дали најденото наоружување е користено претходно. Резулататите би можеле да фрлат ново светло на целиот случај, пишува весникот.
Групата позната како „шкаљарска“, освен со криумчарење на наркотици се доведува во врска со најтешки кривични дела, убиства и обиди за убиства во Црна Гора и Србија, наведуваат „Вечерњи новости“, повикувајќи се на сознанија од разузнивачките служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста