Ѓорѓе Балашевиќ на целата територија на поранешна Југославија има илјадници фанови, но очигледно има и луѓе кои не го сакаат. Во интервју за неделникот НИН, тој открил дека има еден град во Босна и Херцеговина во кој е непожелен.
– Станува збор за Бања Лука. Тоа е градот од каде постојано ми стигнуваат некои пораки. Добив и порака оттаму дека чуваат куршум за мене. Само им одговорив, убаво е што сте се сетиле да чувате нешто за мене, само не е убаво што е куршум во прашање, изјавил Балашевиќ.
Тој на 26 декември ќе настапи во Арената во Загреб, но таму се очекува да има многу потопло добредојде, затоа што за само пола ден биле распродадени повеќе од половина од билетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


