| четврток, 6 декември 2018 |

Негувателката од „Чекорче“ не била задолжена за таа занимална, дошла да вари кафе

Негувателката која со врело кафе го изгорела лицето на 5 годишно девојче во градинката „Чекорче” во Аеродром не била учителка на таа група, туку задолжена за деца во друга занимална.

zdravstvo24.mk  информира дека во просторијата каде биле други нејзини колешки дошла да вари кафе.

Според одговорните во градинката таа направила престап и зошто вклучила грејно тело и тоа во непосредна близина на децата. Сето ова се случувало надвор од времето предвидено за пауза.

Поради овие факти и истурањето на кафето врз детето кое се наоѓало во креветчето уште вчера на негувателката и бил даден отказ од работа. Таа ја признала вината.

Соодветни мерки ќе бидат превземени и против воспитувачките на повреденото дете. Тоа со изгореници од прв степен околу окото и јаболчницата завршило на скопските клиники, а случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top