| четврток, 6 декември 2018 |

Класната вршела притисок:СДСМ го злоупотреби моето малолетно дете во својата политичка кампањa

СДСМ го злоупотреби моето малолетно дете во својата политичка кампања. Родителите на малолетниот Зоран од Велес ја обвинуваат неговата класна раководителка Весна Богоевска инаку портпаролка на општинската организација на СДСМ во Велес дека го натерала нивниот син пред камерите на една телевизија блиска до опозицијата да лаже дека не му даваат храна во училишниот интернат во градот, пренесува „Сител“

pkrpkkpk

Малолетниот Зоран заедно со своите родители сведочи за притисоците кои му ги правела неговата класна раководителка

Класната на Зоран денеска се правдаше дека не го злоупотребила малолетникот за политички цели.

dschlfksd

Сведоштвото на малолетниот Зоран отвора сериозни прашања за тоа, до каде е подготвена да оди опозицијата заедно со медиумите кои ги држи под контрола во желбата да добие некој политички поен повеќе, коментираат професори од истото училиште кои инсистираат на анонимност. Велат дека се згрозени од постапката на нивната колешка, која наместо да ги учи децата, се обидува преку нив да издејствува напредок во својата политичка кариера. Тие апелираат до просветниот инспекторат и министерството за образование да преземат мерки за да не се повтори, професорите своите политички амбиции да ги реализираат преку малолетни деца.

vbogoevska

По ова останува отворено прашањето, какви мерки ќе преземе ад хок телото за медиуми, со оглед на тоа дека станува збор за класична фабрикувана црна кампања во која се вклучени медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top