СДСМ соработува со подземјето и користи криминалци за остварување на политичките цели. Ексклузивните снимки што ги објави Сител во Дневникот во 16 часот ја откриваат целата вистина за случајот со сообраќајката на заменик-министерот Диме Спасов.
На снимката еснимена бркотницата и нападот со оружје врз заменик-министерот за труд Диме Спасов. Од снимките се гледа дека Спасов бил нападнат од група насилници кои му се закануваат со пиштол, а потоа, истата група насилници, заедно со лица кои се претставиле како полицајци му вперуваат пиштол.
Групата која со џип го пресретнува Спасов е криминална група од скопското село Серава. Наводно имало судир, а на снимката се уште има кал на возилото кое го возат момците од Серава и немало ниту гребнатинка, потоа го бркаат, го запираат, го удираат возилото и ставаат раце во џебови од каде вадат пиштоли.
Никаде нема судари, ниту сообраќајни несреќи, никаде нема ништо од аферата што СДСМ сакаше да ја конструира. Откако Спасов сам запира и доаѓаат „алфите“ на Спасовски, оние кои имаат дебело криминално досие и ѝ го штитеа грбот на катица Јанева кога упаѓаше во УБК, применуваат сила врз Диме Спасов, го удираат од кола и двајца вадат пиштоли.
Кои се лицата што го нападнаа Диме Спасов
Лица со дебели криминални досиеја, со двоцифрен број на кривични дела и одлежани затворски казни минатата недела го нападнале и бркале дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов.
Тешки кражби, насилства, тепачки со оружје се меѓу делата за кои одговарале лицата од групата која сакала да се пресмета со Спасов. Овој податок фрла нова димензија на случајот од минатата недела за кој проопозициските портали и активисти преку социјалните мрежи објавуваа бројни дезинформации со цел дискредитација на Диме Спасов, пренесува „Сител телевизија“.
На ова се надоврза и партиската изјава на СДСМ преку портпаролот Шилегов со што овој случај стана дел од црната политичка кампања.
МВР пак во првиот извештај до јавноста воопшто не ја споменува криминалната група а и наши извори наведуваат дека и самата постапка која ја води е со низа намерни пропусти. И додека МВР пласира недоречености во јавноста, медиумите блиски до СДСМ ја туркаа информацијата за наводната „алкохолизирана состојба” на дополнителниот заменик министер која е неутврдена.
Круцијално во целиот случај е што надлежното министерството тенденциозно пропушта да истакне дека Спасов бил следен од осудени криминалци кои позади себе имаат досиеа за тешки престапи и тоа:
- Даут Динарица кој во полициското досие имал дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Ова лице било осудено за насилство, предизвикување тепачка користејќи оружје. До 26.8.2016 издржувал казна според 236 член 3 за кражба на предмети односно тешка кражба од големи размери кои според КЗ предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Екстрадиран од Шпанија.
- Омер Аџами кој има дури 16 криминални дела за тешки кражби и помагање во други кривични дела
- Учесник во криминално-полициската акција бил и извесниот Етем Абаз кој е со полициско досие за загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади, тепачка. Во претходна постапка МВР му ја одземала дозволата за управување со возило.
- Рафет Ќазими
Што велат соросоидите, нивните медиуми и Оливер Спасовски дека се случило
Во саботата порталите блиски на опозицијата информираа дека наведените лица дале изјава во полициска изјава дека не го бркале, ниту го виделе Спасов ноќта кога се случувал настанот.
Во целата конструкција се добива впечаток дека заканите кон Спасов, обидите за физичка пресметка како и можните мотиви на оваа криминална група се затскриваат и во постапувањето на надлежните служби во МВР во расветлувањето на случајот.
Три прекршочни пријави заработи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов за сообраќајните прекршоци кои во петокот вечер ги направил со службеното возило на Агенцијата за вработување, не заборави да нагласи попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски рече дека постојат аудио и видеозаписи дека Спасов го управувал возилото и дека не бил ниту бркан ниту пак нападнат од кого било, но снимките што ги објави Сител покажуваат дека не било така како што кажува Спасовски. Напротив, на снимките се гледа дека лицата со дебело криминално досие кои потекнуваат од скоското село Серава, како што наведе и самиот Спасов во изјавата на ТВ Нова непосредно пред прес-конференцијата на Спасовски, го бркаат, удираат по автомобилот што го управува Спасови и се обидуваат да го отворат и да го извадат надвот заменик-министерот.
-Лицата кои го пријавија дополнителниот заменик министер Диме Спасов, цело време додека возеле зад него зборувале со службеникот на МВР на бројот 192 каде и пријавиле дека некој им го удрил возилото. Сите разговори се снимаат и се зачувани, изјави Спасовски.
Спасовски уште рече дека досега не е поднесена кривична пријава против лицата кои наводно го бркале Спасов.
Јавноста не е изненадена, но е навредена од дрскоста на Спасовски и поктај што навистина постојат снимки, но такви кои ја поткрепуваат приканзата на Спасов, тој безочно лаже и се обидува некого да прикрие. Јавноста сака да знае кого штити Спасовски на чело на полицијата која треба да ги штити граѓаните од криминалци. Дали сме безбедни во држава во која безбедноста е во криминалните раце на СДСМ.
Диме Спасов: СДСМ и МВР преку криминално полициска местенка сакаа да се нанесе штета врз мојот углед
-Според моите информации ова не може ни да се утврди. И во пракса најчесто кога ќе се случи судар, оној кој пријавува најчесто ја чека полицијата да дојде увидната екипа, седи и останува на местото на настанот со цел да се утврдат околностите под кои е случен сударот, причинетата штета како и вината. Ова не беше случај, можеби сум се разминал со тоа возило, но не почувствував никаков контакт или удар, а возилото го забележав дека ме следи. Потоа два пати бев нападат од лицата и тие се обидоа да ме извадат од возилото кое го управував, објаснува Спасов.
-Очекував транспарентна и правична истрага од страна на МВР раководено од СДСМ. Меѓутоа гледајќи го извештајот на МВР кој повеќе личи на партиско соопштение отколку на полициски извештај, може да се заклучи дека ова е обид за моја политичка и општествена дискредитација и дисквалификација. Ова е класична злоупотреба на една институција како МВР за остварување на политички цели. Ова е еден обид, едно смислено сценарио преку криминално полициска местенка да се нанесе штета врз мојот углед, истакна Спасов.
Тој потенцира дека за случувањата во петокот денес говори јавно зошто јавноста треба да ја дознае вистината. Не крие дека се соочил со тежок период.
-Се соочив со период на навреди, клевети, големи лаги, манипулации, конструкции и местенки на мое име, истакна Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)