Една година затвор за измама условно пресуди во среда судот во Келн за 35 годишна жена која лажно се претставувала како роднина на загината патничка во авионот на Germanwings, кој се урна во март минатата година, пренесува Макфакс.
„Осудената ја искористила катастрофалната ситуација во која се нашле сите поврзани со таа воздухопловна несреќа“, рече државниот обвинител.
Осудената жена, која заради болест не присуствувала на судењето, веднаш по падот на авионот во март 2015 година се обратила до Lufthansa, во чија сопственост се наоѓа компанијата Germanwings(сега Eurowings) и се претставила како братучетка на една од загинатите патнички.
Lufthansa, од сочувство кон роднините на загинатите, не го проверувала идентитетот на лицата што се претставиле како роднини и кои во два наврата одлетале до местото на несреќата.
Lufthansa на осудената и нејзин придружник да пати и платила лет до Марсеј, како и сместување во хотел од висока категорија. На едно од патувањата жената повела и две деца, а вкупниот трошок на тие патувања, според Lufthansa, изнесувал 16.000 евра.
Осудената учествувала и на комеморациите на местото каде што падна авионот, при што загинаа 150 патници и членови на екипажот. Тогаш на припадниците на специјалната екипа за психичка помош им паднало во очи нејзиното чудно однесување, бидејќи обвинетата во една прилика говорела за една загината роднина, а во друга за две.
Во пресрет на второто патување на местото на несреќата, обвинетата го истетовирала датумот на несреќата и бројот на летот.
За време на процесот, судот најави дека би можел да побара психијатриско вештачење над обвинетата за да се утврди дали била свесна за своите постапки, но процесот минал без присуство на обвинетата која има рок од две недели за жалба.
Авионот на Germanwings на летот Барселона-Дизелдорф се урна на 24 март 2015 година во француските Алпи. Истрагата покажа дека авионот намерно го соборил коппилотот, кој на тој начин извршил самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија