| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски безобразно лаже кога вели „Има аудио и видео докази дека никој не го бркал Спасов“ (ВИДЕО)

Три прекршочни пријави заработи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов за сообраќајните прекршоци кои во петокот вечер ги направил со службеното возило на Агенцијата за вработување, не заборави да нагласи попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски рече дека постојат аудио и видеозаписи дека Спасов го управувал возилото и дека не бил ниту бркан ниту пак нападнат од кого било, но снимките што ги објави Сител покажуваат дека не било така како што кажува Спасовски. Напротив, на снимките се гледа дека лицата со дебело криминално досие кои потекнуваат од скоското село Серава, како што наведе и самиот Спасов во изјавата на ТВ Нова непосредно пред прес-конференцијата на Спасовски, го бркаат, удираат по автомобилот што го управува Спасови и се обидуваат да го отворат и да го извадат надвот заменик-министерот.

-Лицата кои го пријавија дополнителниот заменик министер Диме Спасов, цело време додека возеле зад него зборувале со службеникот на МВР на бројот 192 каде и пријавиле дека некој им го удрил возилото. Сите разговори се снимаат и се зачувани, изјави Спасовски.

Спасовски уште рече дека досега не е поднесена кривична пријава против лицата кои наводно го бркале Спасов.

Јавноста не е изненадена, но е навредена од дрскоста на Спасовски и поктај што навистина постојат снимки, но такви кои ја поткрепуваат приканзата на Спасов, тој безочно лаже и се обидува некого да прикрие. Јавноста сака да знае кого штити Спасовски на чело на полицијата која треба да ги штити граѓаните од криминалци. Дали сме безбедни во држава во која безбедноста е во криминалните раце на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top