| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на хуманитарна ревија: Сергеј слушнал турбофолк, па бесен го напуштил настанот

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ освен по своите улоги, познат е по тоа што неретко предизвикува скандали во јавноста. Во последниот случај била организирана хуманитарна модна ревија за да му се помогне на студентот Марио Јурешиќ во борбата со ракот на кожата.

За време на настанот, пејачката Вања Мијатовиќ се качила на пистата за да отпее песната „Кошта ме“, а Сергеј не можел да отслуша ни дел од песната, туку направил гримаса, станал од своето место и ја напуштил ревијата. Според српските медиуми, тој реагирал на тој начин затоа што не поднесувал турбофолк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top