Власта под притисок сака да одглуми конструктивност, реагираат од СДСМ по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за формирањето на експертската комисија, која треба да одлучува за настаните од 24 декември, што денеска ги обелодени пратеникот на владејачката партија Илија Димовски.
„Жалиме што владејачката партија во својот веќе одамна познат манир на политичко дејствување продолжува да се однесува несериозно. Очигледно, под притисок сака јавно да одглуми конструктивност, а предлага нешто што нема никаква логика и одамна е ставено ад акта и не е предмет на какви било разговори. СДСМ досега на ВМРО-ДПМНЕ му предложи седум кандидати за претседател и прифати еден од предлозите на власта, кој не се реализираше. За вакво крупно политичко прашање ние немаме намера да се препукуваме или докажуваме преку медиумите. Она што е наш став е дека консензусот како механизам за одлучување, особено за настаните пред и на 24 декември, може да биде злоупотребен како механизам за блокада со која комисијата никогаш нема да ја заврши својата работа, што не смее да биде ничија цел. СДСМ останува отворен за конструктивни предлози кои ќе бидат во интерес на граѓаните на Република Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



