| четврток, 6 декември 2018 |

За инает на ЗАМП, Мартија подготвена како пушка: Немам трема, сигурна сум во себе (ВИДЕО)

Младата и харизматична Мартија Станојковиќ периодов на големо се подготвува за претстојниот настап на јуниорската Евровизија каде што ќе ја претставува нашата земја. Темата со која ќе настапи го носи името “Love Will Lead Our Way” и е комплетно авторско дело на Александар Масевски.

Наскоро заминувам во Валета и многу сум возбудена поради тоа. Веќе сме при крај со подготовките, кореографијата е спремна и ветувам дека ќе го дадам максимумот од себе за да ги одбранам боите на нашата земја онака како што доликува. Трема воопшто не чувствувам и сум сигурна во себе, знам дека имам одлична песна и зад мене имам тим во кој верувам во целост. Како и секој учесник, така и јас се надевам на победа и добар пласман, откри 12- годишната кумановка која јавноста ширум овие простори имаше можност да ја запознае благодарение на учеството во музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“.

Благодарение на моето учество во шоуто сега сите ме знаат. Ми годи популарноста, многу. Уште од мала се занимавам со музика и танцување и отсекогаш сум сакала да бидам пејачка, а сега желбата ми се исполни, додаде Мартија.

Јуниорската Евровизија ќе се одржи на 20 месецов, Мартија ќе отпатува во Малта заедно со македонската евровизиска делегација неколку дена пред изборот, а ние сѐ уште не знаеме дали ќе имаме можност да го проследиме нејзиниот настап и да ја бодриме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top