СДСМ да предложи претседател за експертската комисија и да има мнозинство во неа, а комисијата да одлучува консензуално, ова е предлогот, кој ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно ѝ го понуди на опозицијата за формирањето на комисјата која треба да расправа за настаните во и пред собраниската зграда што се случија на 24 декември.
По неколкумесечните средби на генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во посредништво на генералниот секретар на шефот на државата, партиите не можеа да се договорат кој да биде претседател на комисијата ниту како да одлучува таа. Средбите беа тајни, а како се одвивала дебататa таму јавноста дознаваше по основ на шпекулирања и анонимни извори. Владеачката партија сакала да биде конструктивна, па затоа се одлучиле, денеска предлогот до СДСМ да го упатат јавно.
– Заради информирање на јавноста би сакале да ви соопштиме дека во досегашните разговори ВМРО-ДПМНЕ беше сериозно посветена и проактивна. Доставивме пет предлози за претседател на оваа комисија, прифативме два предлога кои доаѓаа од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и прифативме еден предлог за претседател на комисијата предложен од страна на СДСМ. Во исто време ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе наврати, предлагаше и други форми и формати на формирање, функционирање и одлучување во самата комисија, а кои ценевме дека ќе помогнат во постапката за побрзо формирање на експертската комисија – изјави Илија Димовски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, токму одлучувањето на комисијата по пат на консензус од опозицијата го коментира како камен на сопнување, односно таквиот принцип на работа би можел да ја блокира работата на комисијата.
– Ние цениме дека Комисијата има обврска да ги утврди фактите во согласност со договорот постигнат помеѓу двете политички партии. Цениме дека е добро да се формира комисијата, цениме дека нашиот денешен предлог е голем исчекор и пронаоѓање на заедничко решение за формирање на Комисијата. Ако сме посветени на обврските кои што сме ги презеле во насока на формирање на комисијата, но и во насока на утврдување на фактите од 24 декември во и пред Собранието, но и настаните кои му претходеа, дека овој предлог е добар предлог кој што ќе значи напредок во исполнување на тие обврски на двете партии – рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



