Мараја Кери не се откажа од љубовта. Пред една недела објавено е дека ја раскинала свршувачката со милијардерот Џејмс Паркер, а веќе се зближи со ново момче.
Имено популарната пејачка(46) видена е во друштво на танцувачот Брајан Танаке, од кој не се одвојува откако ја остави свршеникот.
Брајан има 33 години и многу е помлад од Мараја, но тоа изгледа не ги спречува да поминуваат многу време заедно.
Тие двајцата веќе долго соработуваат, но се чини дека нивниот однос за кратко време од професионален станал и емотивен, а двајцата привлекоа внимание кога Мараја на настапот во Јоханесбург играше секси танц во неговиот скут. Тој тогаш не можеше да настапува поради повреда на ногата.
Инаку Мараја изјави дека скиентологијата е виновна за распад на нејзината врска, бидејќи Паркер со години е припадник на таа движење, додека од друга страна Паркер изјавуваше дека ја оставил Мараја бидејќи трошела неумерено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)