И Босна и Херцеговина забрани да се користи музиката на нивните автори во Македонија. Собранието на организацијата АМУС од Босна и Херцеговина на последната седница одлучи да се забрани користење на музичкиот репертоар на сите радиостаници и телевизиски станици на територија на Република Македонија.
Оваа забрана важи од утре, 4 ноември.
Македонската организација за заштита на авторските музички права ЗАМП е овластена да ги преземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на АМУС, а врз основа на склучените меѓусебни договори за реципроцитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.