| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија сериозно се подмладува, Ангеловски вклучи дури осум младинци за мечот против Шпанија

angelovski

Како и што се очекуваше, селекторот на сениорската репрезентација Игор Ангеловски повика осум младинци од вкупно 21 фудбалер за престојниот квалификациски натпревар кој на 12. ноември го играме против Шпанија во Гранада.

На списокот на Ангеловски се седум имиња од стандардните првотимци во младата селекција која обезбеди учество на ЕП 2017, дополнети и со Никола Ѓорѓев кој беше вклучен на последниот квалификациски натпревар против Шкотска. Покрај Ѓоргев, од младинците се и Алексовски, Зајков, Велковски, Барди, Бабунски, Николов и Маркоски.

– Може да се забележи дека на списокот има осуммина од младата репрезентација до 21 година вклучувајќи го и Ѓорѓев. Тоа е подмладување на селекцијата кое беше најавено од претходно – истакна селекторот Ангеловски, по соопштувањето на списокот.

spisok-na-reprezentativci

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top