| четврток, 6 декември 2018 |

Мајсторија на легендата: Пред да го изведе слободниот, Роналдињо им рекол на соиграчите да го чекаат на центарот

Барселона мораше да победи против Вердер во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите во сезоната 2006-07, а мечот ќе се памти по мајсторијата која Роналдињо ја изведе од слободен удар. Еден од соиграчите на Бразилецот, Деко откри интересен детаљ  поврзан со овој прекрасен гол кој многумина љубители на фудбалот го паметат.

– Му пријдов на Роналдињо за да се договориме како ќе го изведеме овој слободен удар, а тој ми порача да ги соберам соиграчите и заедно сите да го чекаме на центарот, ова ќе биде погодок , изјавил португалскиот фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top