Младиот капитен на Металург, Филип Талески, брилјира во дресот на македонскиот шампион на натпреварите од меѓународната сцена. Репрезентативниот бек веќе еднаш доби признание од ЕХФ кое го нарече ’младото оружје на Металург’. Европската куќа на ракометот повторно е воодушевена од извонредните настапи на младиот ракометар па го рангира како втора млада ѕвезда во ракометната Лига на шампиони.
„Сè уште има простор за раст кај Талески и од физички аспект и тактички. Но, едно е сигурно, младото оружје на Металург е име кое нема да биде заборавено во блиската иднина“ – меѓудругото се вели за најефикасниот поентер воредовите на Металург во ова натпреварување.
Покрај Талески, внимание од ЕХФ добија и Недим Ремили (ПСЖ),Џери Толбринг (Кристијанштад), Лукас Нилсон (Кил) и Вуко Борозан (Вардар).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.