| четврток, 6 декември 2018 |

Подземни контејнери за четири скопски општини

podzemni-kontejneri-aerodrom-3

Општините Гази Баба, Чаир, Аеродром и Кисела Вода ќе добијат по 9 нови подземни контејнери. ЈП „Комунална хигиена“, контејнерите со капацитет од 3 кубни метри, ќе ги распредели на локации во овие четири општини. Контејнерите се набавени од фирмата „Продрес консалтинг“ по цена од 21 милион денари.

Подземните контејнери беа поставени најпрво во Центар со цел да се утрврди нивната ефикасност. Во втората фаза исти беа поставени и во Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.  Исто како и до сега, ќе бидат поставени по 3 контејнери, од кои два за мешан комунален отпад и по еден за ПЕТ-амбалажа. Компанијата која ги добавува подземните контејнери има рок од 12 месеци за нивно поставување.

Планот на ЈП „Комунална хигиена“ е комплетно да се заменат старите класични контејнери, со новите подземни, кои нудат поголема практичност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top