Со комедијата „Слуга на двајца господари“ на Карло Голдони, во режија на Куштрим Бектеши и изведба на Професионалниот театар од Призрен, вечер во киното „Фросина“ ќе почне 10. јубилејно издание на „Скупи фестивал“.
Оваа интернационална манифестација ќе се одржува до деветти овој месец во Младинскиот културен центар-Скопје.
Покрај комедијата „Слуга на двајца господари“, посетителите ќе можат да погледнат уште шест претстави – „Кожурки“ на истанбулската компанија „Пангар“, „Несоница“ на МИТ ФАКТОРИ од Прага, „Тие влегуваат без да тропнат“ на Театарот на денот од Тирана, „Вампир“ на Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград и „Пред да умреш“ на Стерео Акт од Будимпешта. Фестивалот ќе го затвори претставата „Жозефина“ на независниот театар Шаливате од Брисел.
Во текот на фестивалот ќе биде промовирана и монографијата објавена по повод 10-годишното постоење на фестивалот.
МТФ „Скупи фестивал“ е поддржан од Министерството за култура и Советот на Град Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.