| четврток, 6 декември 2018 |

„Духот кој оди“ прогласена на најдобра претставата на МТФ Скупи Фестивал 2015

На деветтото издание на МТФ Скупи Фестивал имавме прилика да видиме 8 претстави, од кои секоја на публиката и понуди сосема поинакво доживување.

Секоја од претставите беше проследена од страна на три членото жири во состав Рози Костани – претседател на жирито и членовите Тодор Кузманов и Сулејман Рушити, кои вчеравечер едногласно ја доделија Гранд При наградата за најдобра театарска претстава „Духот кој оди” од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски и продукција на Српското Народно Позориште од Нови Сад, Србија.
Во образложение на жирито беше наведено дека претставата „Духот кој оди” е театарско остварување кое се одликува со актуелност и ангажираност во претставувањето на моралните дилеми на човекот во современиот свет. Режијата во преставата е минуциозна и аналитична, при што врз основа на драмскиот тескт создава цврста театарска структура, а актерската игра е на високо професионално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top