| четврток, 6 декември 2018 |

Борис Џонсон доби забрана да доаѓа на работа со велосипед

boris

Скотланд Јард му забрани на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон да доаѓа на работа со велосипед, поради опасност од тероризам или обид за атентат врз него, па од сега тој ќе мора да користи службено возило, објави „Дејли Мејл“.

Британскиот министер за надворешни работи неодамна се пресели од квартот Излингтон во источен Лондон во куќа близу Бакингамската палата. Тој е познат љубител на велосипеди, но и застапник на теоријата дека превозните средства на две тркала би го елиминирале метежот во Лондон.

Сепак, државните безбедносни служби одлучија дека тоа не е безбедно за него самиот, со оглед на високата функција што ја има, наведува весникот. Додека беше градоначалник на Лондон, Џонсон редовно одеше со велосипед на работа, како и на деловните средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top