| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестиција од 15 милиони евра: Американската фабрика за автомобилски седишта „Леар“ започнува со работа во ТИРЗ Тетово

Производствениот капацитет на американската фабрика за автомобили „Леар“ денеска ќе биде отворен во Технолошко-индустриската зона во Тетово. Компанијата е светски снабдувач на автомобилски седишта и системи за дистрибуција на електрична енергија, со производи од светска класа.

lear-tetovo-2

Министерот Веле Самак заедно со највисокиот менаџмент на американската компанија Леар во присуство на претставници на Владата на Република Македонија и локалната самоуправа ќе го назначат отворањето на новоизградената фабрика во Тетово.
 lear-tetovo-11

 Новата фабрика која се простира на 12.000 метри квадратни е реализација на првичниот план на „Леар“ со инвестиција вредна над 15 милиони евра. Фабриката располага со врвна опрема и производни капацитети за сечење кожа и платно, магацин и канцелариски простории. До 2018 година „Леар Македонија“ планира да вработи од 1.500 до 2.000 граѓани, бројка која согласно нивното искуство може да достигне и до 3.000 нови вработувања преку планирана експанзија од дополнителни 8.000 квадратни метри.

lear-tetovo-12

Во дополнение на тоа што нуди навлаки за седишта и сродни производи за автомобили од светска класа, „Леар“ Тетово ќе даде придонес за локалниот регион во контекст на вработување и најмување на искусни професионалци за шиење како и лица кои неодамна го завршиле образованието во локалните образовни институции, рече Свен Дам, заменик-претседател на „Леар“ за работа на тапацир за Европа и Африка.

„Сите со кои остваривме локална соработка многу ни помогнаа и ние тоа навистина го цениме“.

lear-tetovo-10

Отворањето на оваа фабрика е нова историја за Тетово и регионот за чија важност се боревме со неколку земји од регионот. Динамиката на работа и задоволството на фирмата од локалниот кадар ни дава голем оптимизам за достигнување на планираниот капацитет од 2500-3000 вработувања. Со оваа фабрика, како кабинет, заокружуваме реализација на инвестиции каде моментално работат над 11000 вработени и претставуваат раст на БДП од 300 милиони евра годишно,  истакна министерот Самак.

Почетокот на проивоството на новата фабрика во Тетовската зона го поздрави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој нагласи дека оваа инвестиција не е успех само за македонската економија, туку е придобивка и за Полошко и ќе им обезбеди егзистенција, сигурност и можност за планирање на иднината на 2.000 семејства.

lear-tetovo-1

Станува збор за сериозна корпорација која се вбројува во една од 500-те најголеми на листата на „Форчн”, со повеќе од 130 илјади вработени и над 30 фабрики низ светот. Првиот контакт со компанијата е остварен во 2013 година од страна на министерот Веле Самак, кој во Германија го посети нивното европско седиште. По долготрајни разговори и вложениот труд во 2015 година компанијата донесе одлука да инвестира во Македонија во конкуренција со повеќе земји од регионот, објасни Груевски на Фејсбук.

Првите контакти со корпорацијата „Леар“, министерот Самак ги оствари во 2013 година, во Германија, при посетата на нивното европско седиште. Во мај 2015 година корпорацијата „Леар“, водечкисветски снабдувач со автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, официјално ја објави одлуката за инвестирање во  Македонија. Во јули 2015 година се потпиша Договорот за инвестирање со Владата на Република Македонија.

lear-tetovo-8

„Леар“ првично започна со работа на браунфилд локација во Гостивар преку вработување на 300 лица со вештини за кроење и шиење на кожа и ткаенина за производство на автомобилски навлаки за седишта. Денес фирмата ги отвара вратите на новата фабрика во ТИРЗ Тетово.

lear2

„Леар“ е еден од водечките добавувачи на автомобилски седишта и електрични системи за дистрибуција. „Леар“ ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот и содржината на „Леар“ може да се најде на повеќе од 350 ознаки на производители на возила. Производите на „Леар“ кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од разновиден тим кој брои околу 140 000 вработени, распределени во 36 земји. „Леар“ во моментов е рангиран на 154-тото место од листата на „Форчун 500“ (Fortune 500). Седиштето на „Леар“ е во Саутфилд, Мичиген, САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top