| четврток, 6 декември 2018 |

Лино Червар: Задоволен сум од победата, ама со Чешка мора подобро

– Задоволен сум од резултатот, но можевме да одиграме и подобро. Во квалификациите важен е резултатот и победата. Добро е што изротиравме повеќе играчи во играта, каде младите одиграа добро. Помладите играчи не можеме веднаш да ги оптовариме како постарите, но важно е што полека влегуваат во игра и даваат придонес. Радува фактот што кога беше најпотребно одбраната профункционира и го завршивме натпреварот онака како што посакувавме- изјзави Лино Червар, селектор на македонската машка ракометна репрезентација која денеска со победа над Украина од 27-21 ги почна квалификациите за ЕП во Хрватска.

Червар смета дека позитивен резултат со Чешка ќе треба и многу подобра игра.

– Со Чешка ќе треба да одиграме многу подобро. Немаме многу време, имаме еден ден да се подготвиме за тој натпревар. Двата бода со Украина ни даваат добра психолошката поддршка пред следниот дуел, која може многу да ни помогне, но и обратно – додаде Червар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top