Постојат различни верзии на приказната за тоа што се случило откако Моамер Гадафи, претседателот на Либија, бил заробен.
Судбината на Гадафи била да умре во Сирт, понижен и крвав, молејќи ги своите киднапери да не го убиваат. Последните минути од животот на Гадафи биле ужасни. Тоа било тешка болка и понижување на човекот кој еднаш за себе рекол дека е „крал на кралевите во Африка”.
Зашеметениот и збунет Гадафи, бил изваден од канализацијата, каде што бил заробен. Тешко крварел од длабоките повреди на вратот и главата, а повреди имал и на градите.
Масата која го окружила почнала да извикува „Бог е голем” додека пукала во воздухот, а некои велеле дека „владетелот треба да остане жив”.
Постојат снимки каде се гледа дека Гадафи со крваво лице и во несвесна состојба е кренат на камион, потоа снимка од него без маица на земја додека го обиколуваат луѓе, а потоа може да се види и мртов во задниот дел од возило на итна помош.
Тоа што не е забележано е моментот на смртта, и како се случила. Постојат тврдења дека бил убиен од борците со куршум во главата или стомакот.
Различни се приказните за тоа што се случувало откако бил заробен. Некои велат дека ги молел своите киднапери да не пукаат, додека други велат дека прашал еден од нив – „Што сум ти направил на тебе?”.
Тоа што е сигурно е дека Гадафи на снимките е жив, но ранет и зашеметен. Според еден борец Гадафи бил погоден во стомак, а според лекарите бил погоден во глава.
Исто така постојат тврдења дека бил убиен по заробувањето, додека според други извори бил убиен во вкрстена борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.