| четврток, 6 декември 2018 |

Груби до Заев: Прво стави албански знамиња во Струмица, па ќе ти веруваме (ВИДЕО)

Груби му порача на Заев дека ако сака да ја спроведе неговата намера за двојазичност и додворување на албанскиот електорат, да даде пример со тоа што ќе постави двојазични табли и албанско знаме во Струмица.

Зоран Заев прво треба да ги спроведе во практика најавите за двојазичност во сите градови на Македонија, како и граѓанскиот концепт што СДСМ го нуди со својата програма, за да ги убеди Албанците да поверуваат во ваквата идеја и концептот што ги промовираат социјалдемократите, без разлика на етничката припадност, нагласи шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, за „ТВ Нова“.

Груби му порача на Заев дека ако сака да ја спроведе неговата намера за двојазичност и додворување на албанскиот електорат, да даде пример со тоа што ќе постави двојазични табли и албанско знаме во Струмица.

Заев, денеска, пак, одби да ги коментира изјавите на Ахмети дека нема право да ги бара албанските гласови. Истакна дека акцент е ставен на граѓаните што ќе бидат во заедничките листи на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top