| четврток, 6 декември 2018 |

Србинките скапо плаќаат за задник, Албанките не жалат за невиност

На ВМА се направени четири двојници на Садам Хусеин. Јас направив три човечки копии на Елвис Присли во Америка, тврди Борко Ѓорѓевиќ, најславниот хирург од Беверли Хилс, кој открива дека стеснување на вагината е најчестата честа операција и на нашиве простори, особено кај младите Албанки. Цена на оваа интервенција е од 3.500 до 5.000 евра

Зголемување на глутеалниот дел – задникот, почна во Белград и Сараево, исто така од Србија и Босна тргна и трендот на обликување половина и вадење на последните две ребра. Се работи за 11 и 12 ребро и правење тесен корсет, со што први почнаа Србите, а може да посведочи и Јелена Крлеуша, вели за Ало.рс доктор Борко Ѓорѓевиќ, најславниот хирург од Беверли Хилс.

✌🏻

A photo posted by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on


Овој лекар со српски потекло направи светска кариера разубавувајќи ги најголемите светски ѕвезди, артистки и пејачки меѓу кои и Заза, Ева Габор, жените на Френк Синатра, Елтон Џон, а во последнива година негови пациентки биле и Бритни Спирс и Лејди Гага, која, летово во Игало направи липосукција за потребите на новиот албум.

Според зборовите на овој славен хирург на естетската хирургија не ѝ е непознато и правење на двојници, што и се работеше на Воено-медицинската академија во Белград.

-На ВМА се направени четири двојници на Садам Хусеин. Тоа е направено во време на професорот Бране Пантелиќ и Миќа Ѓуричиќ. Јас направив три човечки копии на Елвис Присли во Америка, тврди познатиот хирург.

Како што вели докторот на вакви операции повеќе се пријавуваат жените отколку мажите.

-Мажите најчести користат ботокс и хемиски пилинг додека најчести интервенции кај жените во Србија се полнење на устата и зголемување на градите. Во последно време не е мал бројот на жени кои доаѓаат за зголемување на задникот.

Keep calm and watch my back 😉

A video posted by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on


Доктор Ѓорѓевиќ открива дека најнов тренд е стеснување на вагината.

– Во професионалните клиники и кај врвни доктори комплетен мејк овер, чини од 30 до 50 илјади евра. Стеснување на вагината стана многу честа операција и на нашиве простори, особено кај младите Албанки. Цена на оваа интервенција е од 3.500 до 5.000 евра, објави ало.рс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top