Продолжуваат маките за Зинедин Зидан. Тренерот на Реал Мадрид отпиша уште двајца фудбалери во пресрет на вечерашниот меч во Варшава.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Зинедин Зидан на вечерашниот меч од 4-то коло од Лигата на шампионите против Легија Варшава нема да може да смета ниту на Марсело и Хамес Родригез.
Од претходно беше познато дека Зидан нема да може да смета ниту на услугите на Модриќ, Касемиро, Серхио Рамос и Пепе, па може да се каже дека европскиот шампион ќе биде значително ослабен вечерва.
После три одиграни кола, Реал Мадрид е на второто место на табелата „Л“ со седум освоени бодови, додека Легија Варшава е на последното место без ниту еден освоен бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.