Пејачката Ева Нединковска стана мајка, таа преку социјалните мрежи ја сподели прекрасна вест.
„Вчера на свет дојде Ена, божјо ангелче на радоста и љубовта, што го обои нашиот свет октави повисоко и ни ја додели најважната улога и привилегија, да се биде родител. Чувството кога ќе создадеш и го видиш своето создание е возвишено. Најмила наша, биди здрава, благословена, сакана и среќна и нека светот ти донесе многу радост, а и ти нему“, напиша среќната мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.