| четврток, 6 декември 2018 |

Драгана повторно би била Јагодинка, но Славко не сака да слушне

Од премиерата на легендарното остварување, култниот југословенски филм „Лажливо лето 1968“ на Горан Паскаљевиќ поминаа триесетина години, а реченицата што ја изговара актерот Бата Стојковиќ „Меси, сине, меси“ одамна е култна.

mesi sine mesi

Што мислат од таа дистанца главните актери во сцената.

Драгана Варагиќ, која ја толкуваше улогата на пекарката Јагодинка Симоновиќ, се сеќава на Јагодинка со насмевка на лицето.

dragana-varagic-foto-marina-lopicic-1450136526-804407

-Не ме викаат веќе Јагодинка на улица и не ме влечат. На таа улога денес гледам со насмевка. Младата пекарка ми е мила, зашто е нежна и комична, вели Варагиќ и додва дека таа била единствено нешто комично во нејзиното море од трагични ликови кои ги толкувала.

-Повторно би била Јагодинка со задоволство.

За истиот филм и за истата сцена по 30 години Славко Штимац не зборува со истото задоволство. Во низата сцени за паметење во филмот, сцената во која ѝ ги меси градите на Јагодинка Симоновиќ, славниот актерне гледа ништо сензацонално.

1cdde5599166282a34df

-Искрено, и не ја гледам сцената со Јагодинка Симоновиќ, а особено не размислувам за неа. И после толку години не знам што да мислам за тој дел од филмот. Малку ме иритира кога луѓето, од целиот филм, ја паметат само таа сцена. Често мис е случува да ме прашуваат амо за тоа, но добро…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top