| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатен волеј за три бода, Белгиецот Муние е јунак за ПСЖ (видео)

psz

Уште еден натпревар од вчерашните дуели во Лигата на шампионите во кој е постигнат гол во самиот финиш од мечот. Белгиецот во редовите на ПСЖ Томас Муние во 90. минута, со прекрасен волеј удар го постигна победоносниот гол за својот тим на гостувањето кај Базел. Кон Белгиецот нафрли Рабио, а овој со неверојатен удар од работ на казнетиот простор го матира голманот на Базел и донесе молк на стадионот.

ПСЖ со 10 освоени бода по четри натпревари заедно со Арсенал веќе е осминафиналист на две кола од крајот на групната фааза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top