
Чешката тенисеркра, Клара Кукалова, даде интересна изјава во која вели дека е премногу разочарана од Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поради дозволата која ѝ ја дадоа на Серена Вилијамс да користи забранети супстанции.
– Разочарана сум, бидејќи ваквите случаи остануваат под тепих. Серена користеше одобрени супстанци од ВАДА кои имаат ист ефект како хероинот, создавајќи еуфорично чувство, а ние треба да играме против наводно болната Серена, која конзумира забранети апчиња. Жалосно е за овој спорт што се случуваат вакви работи. Jас имав алергија и морав тоа да го докажувам пред ВАДА. Тие одлучуваа дали ќе можам да користам инхалатор седум или осумпати на ден – вели Куклова.
34-годишната ветеранка не може да се пофали со успешна тенисерска кариера. По еднаш има одиграно на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, додека на УС Опен е редовна учесничка, но никако да го поминe првото коло. Моментално е 290. тенисерка на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


